Утрински Весник
Македонија

Се обновуваат фасадите на зградите во центарот на Кавадарци

Се обновуваат фасадите на зградите во центарот на Кавадарци

Кавадарци, 10 јуни 2020 (МИА) – Општината Кавадарци продолжува со реализација на проектот за обнова на фасадите на зградите во строгиот центар на градот, информираат од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.

-Од вчера градежната оператива започна со обновување на фасадата на зградата после „старата автобуска“ на улицата „Илинденска“. Ова е првата од вкупно петте згради на кои ќе се изврши фарбање и обновување на олуците. Четири згради се на „Илинденска“, а една зграда е на улицата „Цано Поп-Ристов“ на северниот влез од Градскиот зелен пазар, соопштуваат од градоначалничкиот кабинет.

За оваа намена општината од буџетот одвои нешто над четири милиони денари. Во првата фаза општината обнови фасади на тринаесет колективни станбени објекти, лоцирани покрај централните градски улици. свд/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пешаците преминувале каде што ќе стигнат, возачите не им давале предност – 175 прекршоци

Работник почина од струен удар во Кондово

Јавна дискусија за ЗОРОДУ: Јасни надлежности и одговорност како темел на функционална државна управа