Утрински Весник
Економија

Се намалува наградниот фонд за „Мој ДДВ, МојаНаграда“, средствата ќе одат во Фондот за справување со Ковид-19

Заев: „Мој ДДВ“ ја користат 65.000 граѓани
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 22 април 2020 (МИА) – Владата на денешната седница донесе одлука за намалување на наградниот фонд на наградната игра „Мој ДДВ, МојаНаграда“ и за уплата на средствата во Фондот за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од коронавирусот КОВИД-19.
Со заклучок на Владата му се препорачува на Акционерското друштво за приредување игри на среќа „Државна лотарија на Република Северна Македонија“ средствата во износ од 4.383.410,00 денари да ги уплати на донаторската сметка отворена во рамки на Генерален секретаријат на Владата наменета за донации од правни и физички лица за справување  со КОВИД-19 епидемијата.
Владата ги задолжи Министерството за финансии, Управата за јавни приходи и Државна лотарија  да склучат анекс на договорот за заедничко организирање на наградната игра „Мој ДДВ #МојаНаграда“ и ја задолжи Државна лотарија да ги измени Правилата за приредување на наградната игра  „Мој ДДВ #МојаНаграда“ и да направи техничко прилагодување за реализација на одлуката, соопшти владината прес-служба.са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Мицкоски: Имаме најниска инфлација во Европа

Нова веб-апликација на Народната банка за полесно споредување на банкарските кредити и депозити