Утрински Весник
Македонија

Се крпат ударните дупки на неколку улици во Македонска Каменица

Се крпат ударните дупки на неколку улици во Македонска Каменица
Dik 300x250 mk

Македонска Каменица, 25 јуни 2020 (МИА) – Во Македонска Каменица започна крпењето на ударните дупки на коловозите од неколку улици во градот. Надлежните предупредуваат дека на неколку места поради извадениот асфалт возењето се одвива отежнато и апелираат на стрпливост од страна на возачите.

-Поради извршени градежни зафати на дел од повеќе градски улици Општина Македонска Каменица ги предупредува возачите за внимателно возење особено на улиците „Македонска“, „Илинденска“ и „Осоговска“. Во наведениот дел од градот, на неколку места е отстранет оштетениот асфалт, при што движењето со автомобили е значително отежнато, велат од општината.
Активностите, како што додаваат, се реализираат согласно договорт за санирање и крпење на градските улици.
-Очекуваме разбирање, како од граѓаните, така и од возачите, на кои им се препорачува внимателно возење со прилагодена брзина, особено во текот на вечерните часови кога видливоста е намалена, додадоа од Општината.
Средствата за реализација на договорот за крпење на ударните дупки се обезбедени од општинскиот буџет. вс/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ред,чистота и култура. Орце е вистинскиот избор за Скопје, порачува Мицковски

ЗНМ: Осуда за заканите кон новинарот Исмаили

Приведен 49-годинишен тетовец по објавите со закани на социјалните мрежи