Утрински Весник
Македонија

Се испитуваат петмина излекувани штипјани како можни дарители на крвна плазма

Се испитуваат петмина излекувани штипјани како можни дарители на крвна плазма
Ss2

Штип, 16 јуни 2020 (МИА) – Епидемиолозите од штипскиот Центар за јавно здравје утринава земаа брисеви од петмина излекувани штипјани од коронавирусот, кои сакаат да бидат дарители на крвна плазма.

Директорката на Центарот за јавно здравје-Штип, Марија Димитрова вели дека откако ќе се испратат брисевите во лабароторијата во Скопје ќе се знае колку од овие хумани и излекувани пациенти ќе можат да даруваат крвна плазма, за оние кои се уште ја бијат битката со вирусот.

300x250 (7)

Таа истакна дека во тек е увидот во осмата конфекција, каде што до вчера се појавија вкупно три позитивни случаи на коронавирусот.

-Епидемиологот треба да увиди дали во конфекцијата се почитуваат препораките за заштита, како од страна на работодавецот, така и од страна на работниците, односно дали меѓу машините има доволно растојание, како и дали работниците ги почитуваат мерките со носење на заштитни маски, вели Димитрова.

Таа истакна дека се чекаат и резулататите од првите контролни тестови за 53-те работнички, а се чекаат и резулатите од скринингот на вработените во најголемата штиспка градинка „Астибо“, каде што се тестирани над 130 вработени. вдј/аа/

 

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Фактор.бг: Има ли заеднички интерес на Белград и Софија за враќање на ВМРО-ДПМНЕ на власт?

Претседателот на OK ВМРО-ДПМНЕ Маврово и Ростуше навредувал полицајци на граница, па бил приведен

Американци нападнале полицајци во Кисела Вода