Утрински Весник
Македонија

Се изготвува одлука за намалување на таксите за користење јавен простор за каменичките угостители

Се изготвува одлука за намалување на таксите за користење јавен простор за каменичките угостители

Македонска Каменица, 17 мај 2020 (МИА) – Угостителските објекти кои користат јавен простор пред деловните објекти во Македонска Каменица ќе бидат ослободени од плаќање комунална такса. Предлогот како што информираат од општината е изготвен од страна на градоначалничката Соња Стаменкова, а истиот како што додаваат, ќе се разгледува на следната редовна седницана каменичкиот совет.

-На следната седница на Советот на општина Македонска Каменица една од точките на Дневен ред ќе биде предлогот даден од страна на градоначалничката Соња Стаменкова, а тоа е ослободување од плаќање на комунални такси на угостителските објекти. Предлогот до Советот на општина Македонска Каменица се однесува на процентуално намалување на таксите за користење на простор пред деловен објект, угостителските објекти (кафеани, кафулиња, гостилници и слично) и нивните истурени деловни места (бавчи и тераси) за 2020 година, информираа од општината.
Ова како што додаваат е една од мерките кои градоначалничката Стаменкова ги најави како дополнителна помош и грижа кон угостителските правни субјекти во Македонска Каменица, како еден од најпогодените сектори од појавата и ширењето на Ковид-19.
Претходно, ваква мерка беше донесена од страна на делчевскиот и беровскиот совет, при што угостителите беа ослободени од плаќање комунална такса за користење јавен простор пред деловните објекти за месеците април и мај, со можност за продолжување на мерката и во текот на наредните месеци. вс/нд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ведро и студено, преку денот сончево

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето