Утрински Весник
Македонија

Се запалил автобус на „ЈСП“ во движење

Се запалил автобус на „ЈСП“ во движење

Автобус на „ЈСП“ се запалил во движење информираше полицијата. Инцидентот се случил вчера попладне.

„На 10.08.2021 во 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница на бул.„Кочо Рацин“ со ул.„11 Октомври“ во Скопје настанал пожар во автобус на ЈСП во движење“, соопшти МВР.

Пожарот бил изгаснат, повредени лица нема, а увид извршила екипа на СВР Скопје.

Можете да прочитате

Исчезнат Македонец во Благоевград – Татко очајно бара помош

Сиљановска-Давкова со воведен говор на панел-дискусијата на Европските демократски студенти

СДСМ: Скандал на Савески – предложи обвинителка од „тевтерчето” на Мијалков која беше дел од бомбите