Утрински Весник
Македонија

Се демонтира мобилната болница во кругот на Инфективната клиника

Скопје, 19 март 2020 (МИА) – Мобилната болница што беше поставена во кругот на Инфективната клиника во Скопје се демонтира. Информацијата ја потврдија од Армијата на Република Северна Македонија.

Болницата беше поставена кон крајот на март и таа требаше да биде дополнување на капацитетот на Инфективната клиника за примање на пациенти болни од Ковид -19.

Во болницата не беше згрижен ниту еден пациент бидејќи бројот на зарзени кои се лекуваат во болнички услови не го надмина капацитетот со кој располагаат Инфективната клиника и болницата „8 Септември“. бак/скс/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче за надзорната расправа за Алта банка: Сите кои биле вклучени ќе мора да одговорат пред граѓаните

Денеска до 19 степени, можен слаб дожд во западните делови и во Скопје

Павловска најави нов протест против фемицидите на 25 ноември