Утрински Весник
Македонија

Се врши увид во зградата каде изби пожар во Гостивар, детето кое загина било врзано со ланец на нозете

Се врши увид во зградата каде изби пожар во Гостивар, детето кое загина било врзано со ланец на нозете

Основното јавно обвинителство Гостивар врши увид на местото на настанатиот пожар во станбена зграда во Гостивар. Во моментов се очекува пристигнување и на специјална екипа од Одделот за криминалистичко – технички испитувања и вештачења при МВР, со цел испитување на причините за пожарот во кој, како последица на задушување, животот го загуби едно дете на 7-годишна возраст.

Првичните сознанија на лекарскиот тим на лице место упатуваат на тоа дека детето за време на пожарот било врзано со ланец на нозете. Според исказот на семејството, причина за врзувањето било што детето било агресивно. Обвинителството ги презема сите дејствија за утврдување на евентуална кривична одговорност.​

Издадена е наредба за обдукција на телото на починатото дете и се разговара со очевидците на настанот. По наредба на јавниот обвинител, се врши прибирање на трагите од лице место, кои треба да помогнат за прецизно утврдување на причините за настанатиот пожар.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ ги откри кандидатите за 16 општини – Куманово и Центар поддржани од коалицијата ЗНАМ

Шумска мафија: Кривична пријава за шестмина за штета од над 170.000 евра

Во Македонија денеска регистрирани 17 пожари – два сè уште активни