Утрински Весник
Економија

Се враќа железничката линија Скопје-Приштина

Се враќа железничката линија Скопје-Приштина

Скопје, 6 март 2020 (МИА) – Од понеделник се враќа во сообраќај патничкиот воз Скопје-Приштина и обратно.

Возот поради одредени технички проблеми не сообраќаше редовно, а со нивно надминување, повторно е во функција, соопшти денеска Железници Транспорт на РСМ.

Оттаму соопштуваат дека возниот ред останува ист. Поаѓањето од Скопје ќе биде во 16:10 часот, додека возот се очекува да пристигне во Приштина во 19:10 часот.

Од Приштина  поаѓањето ќе биде во 07:10 часот, а пристигнувањето во Скопје во 09:52 часот.

– Воведувањето на редовната линија на возот Скопје-Приштина-Скопје се очекува значително да го зголеми движењето на патниците, уште повеќе со оглед на секојдневните потреби што луѓето ги имаат од двете страни на границата, стои во соопштението.лв/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

И Здравје и Работа: За развојот на рударството и најголемиот потенцијал „Илоица – Штука“ време е да ги слушнеме експертите, а не најгласните

СДММ: За младите 30.000 евра за бизнис, 2.000 евра за матуранти, 0% данок за прв стан

ВМРО-ДПМНЕ: Младите се во фокусот, речиси 40 милиони евра за вработување на над 10.000 лица во 2026