Утрински Весник
Економија

Се враќа железничката линија Скопје-Приштина

Се враќа железничката линија Скопје-Приштина
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 6 март 2020 (МИА) – Од понеделник се враќа во сообраќај патничкиот воз Скопје-Приштина и обратно.

Возот поради одредени технички проблеми не сообраќаше редовно, а со нивно надминување, повторно е во функција, соопшти денеска Железници Транспорт на РСМ.

Оттаму соопштуваат дека возниот ред останува ист. Поаѓањето од Скопје ќе биде во 16:10 часот, додека возот се очекува да пристигне во Приштина во 19:10 часот.

Од Приштина  поаѓањето ќе биде во 07:10 часот, а пристигнувањето во Скопје во 09:52 часот.

– Воведувањето на редовната линија на возот Скопје-Приштина-Скопје се очекува значително да го зголеми движењето на патниците, уште повеќе со оглед на секојдневните потреби што луѓето ги имаат од двете страни на границата, стои во соопштението.лв/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Магистралните гасоводи за кои се вложени над 143 милиони евра се уште не се ставени во употреба

УЈП со повик до организаторите на зелени пазари до 31 декември да поднесат Извештај ПДД-И/ЗП

МФ: Нови 14,2 милиони евра поддршка за домашните компании