Утрински Весник
Македонија

Се врати насмевката на Расел, кучето кое дојде пред вратите на „Лајка“ со рана на вратот

Изминаа 3 месеци од немилиот настан кога Расел се појави сам пред вратите на прифатилиштето на ЈП Лајка во загрижувачка состојба со длабока рана на вратот како последица од силно заврзана жица.

dobivaj vesti na viber

По неколку месеци стручен надзор и хуман третман во прифатилиштето на ЈП Лајка, Расел во моментот се наоѓа во добра здравствена состојба, раната веќе е во одмината фаза и не чувствува никакви болки при допир на местото каде се уште е видна лузната од раната.

Расел без никаков отпор дозволува да му се стави околувратник и оди одлично на поводник.

„Насмевката на Расел, неговата желба за живот и радост околу вработените во ЈП Лајка едноствано е неопислива. Ова прекрасно и исклучително мило куче заслужува да си најде дом и вистинско семејство час поскоро. Расел има 2-3години, среден раст е и е микс од стафорд. Обожава да си игра, да трча и скока, сака да биде во друштво на луѓе. Сака да ужива под сенка во природа, има мил карактер и многу сака да се гали. Добро се однесува со други кучиња“, велат од ЈП Лајка.

Сите заинтересирани за вдомување на Расел може да ги испратат своите пријави на [email protected]

Можете да прочитате

Трипуновски: Никој не е над законот, нема заштитени лица, без разлика на нивната функција

Денес се празнуваат Светиот маченик Агапиј и седумтемина со него: Публиј, Тимолај, Ромил, двајца Александри и двајца Дионисии

Влатко Стефановски во Сплит го прими Порин за животно дело и го претстави новиот албум Muscle Memory