Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Се вклучија алармите поради чад на Меѓународната вселенска станица

Се вклучија алармите поради чад на Меѓународната вселенска станица
Img 7972

Противпожарни аларми се активирале на Меѓународната вселенска станица откако екипажот пријавил чад и мирис на запалена пластика.

Се се случило во делот од станицата познат како Ѕвезда, изграден од страна на Русите, а во тој дел има и простории за живот на астронаутите.

Оваа вселенска станица станува се постара, а во текот на годините доживеа серија дефекти, додека руски официјален претставник неодамна предупреди за застарениот хардвер и неисправните системи.

Руската вселенска агенција „Роскосмос“ објави дека сите системи се вратени во нормала.

Чадот бил забележан при полнење на батериите, а мирисот на запалена пластика се проширил од рускиот во американскиот дел.

Меѓународната вселенска станица е изградена во 1998 година како дел од заеднички проект на Русија, САД, Канада и Јапонија, како и неколку европски земји.

Оригиналниот план беше да трае 15 години и станицата е дизајнирана според тие параметри.

 

Можете да прочитате

Премиерот даде оставка само неколку часа откако го именува својот кабинет, падна француската влада

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

Маж рани 20 лица во пукање во Сиднеј