Утрински Весник
Македонија

Се асфалтира регионалниот пат Чашка- ХС „Лисиче“ во општина Чашка

Се асфалтира регионалниот пат Чашка- ХС „Лисиче“ во општина Чашка

Велес, 12 мај 2020 (МИА) – Општина Чашка денеска започна со градежните активности на втората и завршна фаза на проширување и асфалтирање од региналниот патен правец Р2342(Р 512) од село  Голозинци до раскрсница Горно Врановци и Јаболчиште односно кај ХС „Лисиче“, во должина од 5,5 км и ширина на асфалтна коловозна лента од пет метри, а кој е финансиран од програмата на Јавно претпријатие за државни патишта ЈПДП  во висина од 50 милиони денари.

Како што информира градоначалникот на Општина Чашка, Горан Стојановски минатата година се асфалтираше 5,7 км на потегот од населба. Чашка до село Голозинци со што жителите од населените места по течението на река Тополка конечно добиваат комплетно проширена и модерна патна мрежа што последен пат беше асфалтирана во далечната 1982 година.

Изведувач на градежните активности е ЈП “Македонија пат” кој согласно градежната динамика оваа завршна фаза треба да ја заврши во следниве три месеци.

Големи се заложбите на Владата во изминатиов период за модернизација на патната инфраструктура во земјава  посебно во Општина Чашка, а со што  во голема мера ќе го олесни животот на жителите од овие населени места, потенцира Стојановски.ад/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ОЈО ГОКК: Две лица во 48-часовен притвор за случајот со марихуаната во Србија

Жерновски до Митева: Владата никако да каже дали парите за авион ќе ги пренасочи за минималната плата

Да го вратиме Томба дома – Апел за помош за македонски граѓанин во Малта