Утрински Весник
Спорт

Сетиен: Сакаме да ги освоиме Ла Лига и Лигата на шампионите

Сетиен го одбил предлогот на Меси за замена на Суарез

Барселона, 6 мај 2020 (МИА) – Тренерот на Барселона, Кике Сетиен изјави дека сака да се доигра сезоната во Ла Лига и Лигата на шампионите и неговиот клуб да дојде до трофеите.

-Сакам да се вратиме во нормала. Она што се случи, влијаеше на секој од нас. Кога ќе се вратиме на тренинзи, ќе работиме на тоа што не можевме да го направиме дома. Учествуваме на два многу мотивирачки турнири. Ги бркаме трофеите во двете натпреварувања. Би сакале да ги одиграме сите натпревари во првенството и да ги победиме. Истото важи и за Лигата на шампионите, изјави Сетиен.

Каталонците се лидери на табелата во шпанската Ла Лига со два бода повеќе од второпласираниот Реал.

Барселона го одигра првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите против Наполи (1:1). зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

На Меси му е дијагностициран со мускулен замор

Арсенал го освои пехарот, Ливерпул избори ЛШ, Вест Хем испадна

Голема победа за Охрид во првото финале од ЕХФ Европскиот куп