Утрински Весник
Спорт

Сетиен: Нема да му се извинам на Гризман

Сетиен: Нема да му се извинам на Гризман

Со нерешениот резултат против Атлетико Мадрид (2:2) Барселона може да се прости со одбрана на титулата во Примера. Според шпанските медиуми прашање на денот е кога Кике Сетиен ќе добие отказ на функцијата.

Големите ѕвезди на Барса се незадоволни од начинот на кој Сетиен ја води екипата. Се чини најмногу причини за незадоволство има Антоан Гризман кој синоќа против Атлетико влезе во игра во 90 минута.

Напаѓачот за кого Барселона плати 120 милиони евра кај Сетиен е резерва.

„Не може секој да игра“, рекол Сетиен на прашањето зошто Гризман одиграл замо четири минути против својот поранешен клуб.

„Можеби не е логично да влезе во игра во 90 минута, но со таков играч секогаш мислите дека можете да направите нешто. Не е лесно…Не се согласувам со оние кои вечат дека немам доверба во Гризман. Тој е важен играч и само околностите ме натераа да го седнам на клупата. Онои кои добија шанса од првата минута одлично си ја завршија работата. Знам дека на Гризман му е тешко, ќе разговарам со него на следниот тренинг, но нема да му се извинам. Јасно ми е дека може да се чувствува лошо, но и јас се чувствувавм лошо бидејќи Антоан е одличен играч и одлична личност“, рекол Сетиен.

Гризман во Примера има одиграно 28 натпревари за Барселона на кои постигнал осум гола.

Текстот Сетиен: Нема да му се извинам на Гризман е превземен од МАКФАКС.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Манчестер сити на домашен терен прегазен од Тотенхем

Енди Мареј е нов тренер на Новак Ѓоковиќ

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига