Утрински Весник
Свет

Сестрата на Ким Џонг-ун со порака до САД – Ќе бидете разочарани

Сестрата на Ким Џонг-ун  со порака до САД – Ќе бидете разочарани

Сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун ја отфрли можноста за продолжување на дипломатските преговори со САД, додавајќи дека тоа ќе доведе до уште поголемо разочарување.

Ким Јо-јинг ова го изјави откако американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан ги опиша како „интересни сигнали“ од неодамнешната изјава на севернокорејскиот лидер, дека неговата земја е подготвена и за дијалог и за конфронтација, но повеќе за конфронтација, пренесуваат светските агенции.

„Се чини дека САД ја толкуваат оваа ситуација како утеха за себе. Очекувањето избрано од САД е погрешен пат и тоа ќе доведе до уште поголемо разочарување“, рече сестрата на Ким.

Ким Џонг-ун неодамна изјави дека судбината на дипломатијата и односите со Соединетите Американски Држави зависи од тоа дали Вашингтон ќе се откаже од, како што вели, непријателската политика.

Претходно беше оценето дека неговата земја мора да се подготви и за дијалог и за конфликт со САД под претседателство на Џо Бајден.

Говорејќи за стратегијата на Вашингтон за време на пленарната седница на партијата, тој истакна дека земјата мора да се подготви и за дијалог и за конфликт, особено мора да биде целосно подготвена за конфликт.

Тој повика на остар и брз одговор околу можностите што брзо се менуваат и на напорите да се фокусираат на стабилно преземање на ситуацијата на Корејскиот полуостров, објавија медиумите.
Џо Бајден не ја исклучи можноста еднаш да се сретне со Ким Џонг-ун, но посочи дека тоа нема да го стори без неговите јасни ветувања.

Можете да прочитате

Биткоинот достигна рекордни 98.000 долари

Руте итно заминува кај Трамп

Бебето кое исчезна од породилиштето во Виена е пронајдено мртво во корпа за ѓубре