Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Сер Иан Мекелен (81) безбедно прими вакцина против коронавирус

Сер Иан Мекелен (81) безбедно прими вакцина против коронавирус
Img 7972

Актерската икона Сер Иан Мекелен е дел од првата група за вакцинација против Ковид-19, која неодамна беше воведена во Велика Британија за луѓе над 80 години.

Во средата тој се упати во универзитетската болница „Квин Мери“ за да биде вакциниран.

“Ова е многу посебен ден, се чувствувам еуфорично. Секој што живеел колку и јас, живеел долго бидејќи имал претходни вакцинации, уделот на постарата генерација ќе биде 100 проценти, така и треба да биде, затоа што тоа го правите не само за себе, туку и за луѓето кои ви се блиски – тоа е ваш удел за општеството,“ рече британскиот актер кога излезе од болницата.

„Безболно е. И добро е и да се сретнете со вработените во NHS и да им кажете благодарам за тоа колку напорно работеа. Не се двоумам да ја препорачам вакцината на сите.“

Sвездата на „Господарот на прстените“ престојуваше во затворен простор поголемиот дел од 2020 година, бидејќи неговата возраст го доведува во поголем ризик од компликации од коронавирусот, а неодамна изјави дека уживал во „мрзлива“ самоизолација.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Тиквата – есенскиот дар што го штити срцето, го јакне имунитетот и го продолжува животот

Овие хороскопски знаци секогаш ја кажуваат вистината

Креативна есен во срцето на Скопје – Есенски базар за поддршка на современите занаетчии