Утрински Весник
Магазин

Сер Дејвид Атенборо прогласен за шампион на Земјата

Сер Дејвид Атенборо прогласен за шампион на Земјата

Програмата на Обединетите нации за животна средина (УНЕП) го прогласи сер Дејвид Атенборо за шампион на Земјата.

Престижната награда ја признава посветеноста на 95-годишникот да раскажува стории за природниот свет и климатските промени.

Прифаќајќи ја наградата, сер Дејвид рече дека светот мора веднаш да преземе мерки за да ги заштити природата и планетата.

Негови познати документарни филмови се „Зелената планета“ и „Пластичен океан“.

Сер Дејвид потенцира дека успешните еколошки приказни треба да ни дадат надеж дека промената е можна.

„Пред 50 години, китовите беа на раб на истребување ширум светот. Тогаш луѓето се собраа во акција и сега има повеќе китови во морето отколку што кое било човечко суштество некогаш видело“, сугерира тој.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста