Утрински Весник
Магазин

Сер Дејвид Атенборо го собори Инстаграм-рекордот на Џенифер Анистон

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Британскиот истражувач Дејвид Атенборо го собори рекордот на хоивудската актерка Џенифер Анистон за најбрзо време на достигнување еден милион следачи на Инстаграм.

На возраст од 94 години, бројот на следачи на познатиот натуралист достигна седум цифри за четири часа и 44 минути, според Гинисовата книга на светски рекорди, пренесува „Би-би-си“.

Сер Дејвид Атенборо за првпат се пријави на Инстаграм во четвртокот со цел да ја сподели неговата порака за заштита на животната средина. Во неговата прва објава на социјалната мрежа, тој напиша: „Спасувањето на нашата планета сега е комуникациски предизвик“.

Во своето прво видео, ветеранот рече: „Го правам овој потег и го истражувам овој нов начин на комуникација, бидејќи, како што сите знаеме, светот е во неволја.“

“Континентите горат. Глечерите се топат. Корални гребени умираат. Рибите исчезнуваат од нашите океани. Списокот продолжува и продолжува. Спасувањето на нашата планета сега е комуникациски предизвик”.

Минатиот октомври, ѕвездата на „Пријатели“, Анистон ја достигна пресвртницата за пет часа и 16 минути.

Бројот на луѓе кои го следат Атенборо се искачи на 2,5 милиони во рок од 24 часа. Сепак, тој е на некој начин зад најследената личност на планетава – фудбалерот Кристијано Роналдо, кој има 238 милиони, коментира „Би-би-си“.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

OpenAI воведе годишен преглед на активностите за корисниците на ChatGPT

Крај на една ера: На последниот ден од 2025 година, се гаси MTV

Почина Брижит Бардо – 24info.mk