Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, во преодниот рок би можел, како слободен играч, да го засили Манчестер сити. Договорот на Рамос со Реал истекува за еден месец, извесно е дека тој ќе го напушти клубот.
ЕСПН, тврди дека Манчестер сити ќе му понудат двегодишен договор, со поголема плата од онаа што ја имал во Реал. Рамос во Реал играше за годишна плата од 12 милиони евра.
Реал, односно претседателот Флорентино Перез, имаат желба да го продолжат договорот со Рамос, меѓутоа фудбалерот не ги прифаќа условите што му ги нуди клубот. Реал му нуди 10,2 милиони евра плата и договор на една година.
Сити, се подготвени да ги исполнат барањата на Рамос.
Еветнусланиот трансфер на Рамос, значи дека некој од дефанзиците ќе го напушти Манчестер сити. Веројатно тоа ќе биде Ајмерик Лапорт, бидејќи оваа сезона најчество во последната линија играа Рубен Дијаш и Џон Стонс.
> Серхио Рамос во Манчестер сити? <