Утрински Весник
Свет

Серија од 152 земјотреса во Калифорнија

Серија од 152 земјотреса во Калифорнија

Повеќе од 150 земјотреси се регистрирани долж границата меѓу Калифорнија и Мексико, а најсилниот потрес бил со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала, објавија денеска американските медиуми.

Потресите биле со епицентар во рурална област во близина на езерото Салтон, во јужна Калифорнија, посочиле од американскиот сеизмолошки институт, а објави Си-ен-ен.

„Регистрирани се 152 земјотреси од различни магнитуди“, рече сеизмологот Пол Карузо, кој додаде дека областа не е густо населена.

Засега нема податоци за повредени или евентуална материјална штета.

Можете да прочитате

Oграничена употребата на мобилни телефони во училиштата во Финска

Украински напади со беспилотни летала на југот на Русија, најмалку три лица загинаа

Лавров: Разговорот за украинското прашање меѓу Русија и САД дава резултати