Утрински Весник
Спорт

Сергеј Милинковиќ-Савиќ одбил две понуди од Премиер лигата

Фудбалерот од средниот ред на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ ги одбил понудите на Арсенал и на Њукасл. Тој не бил задоволен од понудите на двата клуба, тврди „Кориере дело Спорт“.

dobivaj vesti na viber

Англиските клубови понудија околу 55 милиони евра трансфер на српскиот интернационалец. Раководството на Лацио би можело да се согласи на продажба доколку добие понуда од околу 70 милиони евра. За играчот е заинтересиран и Манчестер Јунајтед, но засега нема испратено официјална понуда.

Милинковиќ-Савиќ минатата сезона одигра 47 натпревари за Лацио, со ефект од 11 гола и 12 асистенции.

Договорот на 27-годишниот Србин со римските „орли“ истекува во јуни 2024 година.

Можете да прочитате

Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на Австралија опен

Селекторот на македонските кошаркарки Илиевски поднесе оставка

Лазаров: Пред ЕУРО 2026 ќе прифатев ваков исход, но ќе сакав повеќе