Утрински Весник
Свет

Сепаратистите во Украина планираат референдум за приклучување кон Русија

Сепаратистите во Украина планираат референдум за приклучување кон Русија

Проруската самопрогласена „Народна Република Луганск“ во источна Украина наскоро би можела да одржи референдум за приклучување кон Русија, изјави лидерот на сепаратистите во Луганск, Леонид Пашечник во изјава за локалните весници.

„ Мислам дека во блиска иднина ќе се одржи референдум на територијата на републиката. Народот ќе го искористи своето најголемо уставно право и ќе го каже своето мислење за приклучување кон Руската Федерација“.

„Народна Република Луганск“ е самопрогласена парадржава во источна Украина, управувана од проруски сепаратисти. Рускиот претседател Владимир Путин ги призна самопрогласените републики Луганск и Доњецк како независни држави во пресрет на инвазијата на Украина.

Луганск е најголемиот и главен град на истоимениот регион. Во самопрогласената република живеат околу 1,5 милиони луѓе.

На 24 февруари Русија испрати десетици илјади војници во Украина во „специјална операција“ за демилитаризација на јужниот сосед и искоренување на луѓето што ги нарече опасни националисти. Украинските сили пружија силен отпор, а Западот воведе сеопфатни санкции кон Русија во обид да ја принуди да ги повлече своите сили.

Можете да прочитате

Русија и Украина разменија нова група воени заробеници

Песков: Не е планирана заедничка декларација по средбата Путин-Трамп

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз