Утрински Весник
Спорт

Семејството на Роналдо ќе расте – Георгина очекува близнаци!

Семејството на Роналдо ќе расте – Георгина очекува близнаци!

Ѕвездата на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо и неговата партнерка Георгина Родригез објавија дека нивното семејство ќе се зголеми за уште два члена, потврдувајќи дека Георгина е бремена со близнаци.

36-годишниот Роналдо, кој има уште четири деца, од кои едно со 27-годишната Георгина, го потврдија ова на Инстаграм објавувајќи дека нивните срца се „полни со љубов“.

„Пресреќни сме што можеме да објавиме дека чекаме близнаци. Нашите срца се полни со љубов, едвај чекаме да ве сретнеме“, се вели во објавата.

Роналдо има 11-годишен син Кристијано Јуниор, четиригодишните близнаци Ева и Матео и тригодишната ќерка Алана, чија мајка е Георгина. Оваа вест доаѓа откако Георгина во промоцијата на новиот документарец на „Нетфликс“ за нејзиниот живот изјави дека очекува Кристијано да ја побара за жена.

View this post on Instagram

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

> Семејството на Роналдо ќе расте – Георгина очекува близнаци! <

Можете да прочитате

Лион во нов скандал: сомнежи за фиктивни трансфери од 120 милиони евра

Уапсени 29 фудбалери во Турција поради обложување

Во Вашингтон денеска жрепка за СП 2026