Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Семејството Гучи со остра осуда за нивното портретирање во филмот на Ридли Скот

Семејството Гучи со остра осуда за нивното портретирање во филмот на Ридли Скот
Img 7972

Наследниците на Алдо Гучи, кој беше претседател на модната куќа „Гучи“ од 1953 до 1986 година, издадоа официјална изјава во која се вели дека се збунети поради, како што тврдат, нивниот неточен приказ во филмот „Куќата Гучи“ во режија на Ридли Скот.

„Продукцијата на филмот не се потруди да се консултира со наследниците пред да го опише Алдо Гучи – претседател на компанијата 30 години (го глуми Ал Пачино во филмот) – и другите членови на семејството Гучи како насилници, неуки, и нечувствителни кон светот околу нив“, се вели во соопштението.

Се наведува дека крими драмата им припишува „тон и став што никогаш не им припаѓале на протагонистите на добро познатите настани “.

„Ова е крајно болно од човечка гледна точка и навреда за наследството на кое денес е изграден брендот “, стои во изјавата.

Заедничката изјава, која првично ја објави италијанската новинска агенција „АНСА“ а чиј примерок има „Вараети“, нагласува дека Патриција Реџани (ја глуми Лејди Гага во филмот), која беше осудена во 1998 година за помагање на убиството на Маурицио Гучи ( го глуми Адам Драјвер), „е прикажана не само во филмот, туку и во изјавите на актерската екипа, како жртва која се обидува да преживее во машка шовинистичка корпоративна култура“.

„Ова не може да биде подалеку од вистината бидејќи во текот на 70 години, кога компанијата Гучи беше семеен бизнис, таа беше инклузивна компанија“, се наведува во изјавата.

„Гучи е семејство кое живее почитувајќи го делото на своите предци, чие сеќавање не заслужува да биде нарушено за да се приреди спектакл што е невистинит и неправеден кон своите протагонисти.“

„ Членовите на семејството Гучи го задржуваат правото да преземат акција за заштита на името, имиџот и достоинството на себе и на своите најблиски“.

Можете да прочитате

Ќе ја исполнам последната желба на Панчо

Внуката на Панчо му посвети емотивна порака и ги расплака сите (ФОТО)

Осумнаесет години без Тоше – ја обедини Македонија со својот глас и со своето големо срце