Утрински Весник
Спорт

Семејството Вилијамс го напушта тимот

Семејството Вилијамс го напушта тимот

Никој од семејството Вилијамс нема да биде во раководните структури на Вилијамс рејсинг. Сер Френк Вилијамс во 1977 година го основа тимот. Сепак, по неколку тешки години, тој и неговата ќерка Клер, која беше заменик директор, ќе го напуштат тимот. Нов сопственик на Вилијамс рејсинг минатиот месец стана Дорлитон капитал.

Официјално семејството Вилијамс ќе го напушти тимот по трката за Големата награда на Италија во Монца.

Вилијамс за 43 години колку што со тимот раководеше Френк Вилијамс освои девет титули меѓу конструкторите и седум меѓу возачите. Последните две сезони тимот ќе завршуваше на последното место.

> Семејството Вилијамс го напушта тимот <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

УЕФА и Британските федерации ја отфрлаат реформата на правилото за офсајд

Поповски нов ракометар на Вардар 1961

Лазаров: Сакаме да одиме во втората рунда