Утрински Весник
Магазин

Селма Хаек долго време била тажна дека не учествувала на Олимписки игри

Селма Хаек долго време била тажна дека не учествувала на Олимписки игри

Холивудската ѕвезда Селма Хаек била многу талентирана гимнастичарка како мала и била избрана од мексиканскиот репрезентација да ја претставува својата земја, но нејзиниот татко одбил да ја пушти да се натпреварува, спречувајќи ги нејзините амбиции.

Но, откако постигна успех во Холивуд, актерката (54) на крајот сфати дека нејзиниот татко всушност го направил вистинскиот избор за неа бидејќи има одличен живот.

Во разговор со магазинот ОК! таа рече: „Пред мене имаше пат по кој не тргнав, и тоа ме прогонуваше многу години. Кога бев мала, бев подготвена за Олимпијадата во гимнастика.“

„Мојот татко не ми дозволи да одам во интернат на девет години во друг град каде што требаше да вежбам шест часа на ден. Тогаш му замерив на татко ми“, вели актерката.

„Сакав да имаш детство“ , Хаек го цитира татко ѝ, и додава „А сега, многу ми е мило што не тргнав по тој пат затоа што навистина ми се допаѓа мојот живот.“

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста