Утрински Весник
Македонија

Села: Покажавме дека доаѓаме во мир

Зиадин Села: Арачиново е симбол на големи промени и пресврти
Ss2

Претседателот на Алијансата за Албанците и носител на шестата изборна единица Зијадин Села на денешниот завршен митинг им се заблагодари на граѓаните за присуството на овој митинг, уверувајќи ги дека никогаш нема да ја разочара поддршката што ја даваат за промена.

„Оваа кампања им покажа на сите дека доаѓаме во мир, да им донесеме мир и слобода на Албанците. Одговарајќи и на заканите со мир. На овој начин ќе дојдеме дури и по 15 јули. Знам дека не ви е лесно и дека имате тешкотии, но останаа уште неколку дена да ја донесете промената и демократија. Да ставиме крај на 18-годишниот монизам и да го развиеме животот во оваа земја на нашите предци“, рече Села.

Ss1

Според него, Албанците разбрале кој го донел злото во нивните домови, па затоа се подготвени да ги казнат виновниците на 15 јули.

„Тие забораваат дека 18 години Албанците им го дадоа мечот, а Али со овој меч го распадна албанското семејство на половина. И овие Албанци ќе го земат тој меч и ќе му го дадат на Африм и Зиадин за да можат да градат живот. Потоа излегуваат и велат зошто не за албанскиот премиер. Да, Албанците се за премиер, но вие Али не бевте во можност да му дадете на еден млад Албанец работа а камоли да му дадете премиер “, додаде Села.

Според него, по доаѓањето на власт на коалицијата АА-ААА, ќе се гради заедничка држава за сите во име на целосна еднаквост, ќе се обезбеди правда за Албанците и квалитетни услови за живот.

Извор: makfax.mk

Ss1

Можете да прочитате

(Видео)Милановиќ за Пендаровски: Тој е вистинскиот човек за Македонија

Пендаровски од Центар: Единствен начин Сиљановска да победи на дуел е да настапи сама

Спасовски: Просечна плата од 1.100 евра и минимална плата од 600 евра, грантови за млади и зголемени плати во здравството