Утрински Весник
Македонија

Села и Гаши нема да дојдат на средбата на албанските партии што ја организира Ахмети

Алијанса за Албанците и Алтернатива најавија Марш за демократија

Алијансата за Албанците и Алтернатива нема да дојдат на средбата на партиите од албанскиот политички блок, која треба да се одржи утре по иницијатива на Демократската Унија за Интеграцока.

Зијадин Села и Африм Гаши велат дека ја прифаќаат поканата, но бараат средбата да се одржи по 17 август, а не утре.

„Сметаме дека политичкиот механизам на тркалезната маса е важен политички инструмент за координирање на позициите на албанските парламентарни партии и како таков, сметаме дека треба да продолжи да се негува за артикулација на албанските интереси во Северна Македонија. Размислете за можноста за друг датум почнувајќи од понеделник (17.08.2020) натаму, секако со известување неколку дена претходно со дневниот ред на средбата“, се вели во писмото на Алијансата за Албанците и Алтернатива до претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Според извори од БЕСА, ни нивниот лидер Биљал Касами нема да учествува на состанокот на лидерите на албанските партии. Тој, наводно, не сакал да биде дел од состанокот, но од БЕСА прецизираат дека засега се уште нема официјална одлука на партиските тела.

ДУИ сепак не ја откажува средбата, а од партијата велат дека остануваат достапни и отворени за натамошни средби во текот на следната недела или на кој било иден датум.

Партијата им се заблагодари на сите албански парламентарни партии за, како што велат, коректната комуникација, потврдниот одговор и добронамерните предлози за состанокот.  Велат дека предложениот дневен ред за состанокот на 13 август може да биде дополнет и изменет со предлози од сите учесници за време на заедничката средба.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на заедничка маса ги покани Билал Касами, Зијадин Села, Африм Гаши и Мендух Тачи. Утре се одбележува годишнината од Рамковниот договор.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

207 санкции за брзо возење

Куќен притвор од 48 часа за две лица поради убиството на лекарот во Железара

Приведено и трето лице за убиството на докоторот пред поликлиниката во Железара