Утрински Весник
Свет

Селани во Кенија до смрт го претепале серискиот убиец на деца

Селани во Кенија до смрт го претепале серискиот убиец на деца

Група селано го нашле и го убиле човекот кој призна дека убил повеќе од десет деца, а кој избега од затвор пред неколку дена во Кенија, пренесува Би-Би-Си.

Дваесетгодишниот Мастен Вањала бил фатен и претепан до смрт од селаните, соопшти тамошната полиција.

Тој призна дека убил повеќе од десет деца во период од пет години, а откако не се појави на суд пред два дена, полицијата започна голема потрага.

Покрај тоа што ги убил, тој признал дека ги дрогирал и пиел крв од некои деца, поради што го нарекоа вампир.

Наводно, тој се вратил во куќата на неговите родители, кои се откажале од него, а подоцна го задавиле соседите кои дознале дека е таму, изјавил очевидец за кенискиот весник „Стандард“.

Не е јасно како успеал да стигне од Најроби до неговата селска куќа во оддалечен дел од земјата.

Вањала беше уапсен во јули и оттогаш беше во затвор.

Можете да прочитате

Силни украински напади врз Крим

Во Иран измерени речиси 50 степени, минус 70 степени на Антарктикот

Четири катарски танкери за природен гас влегоа во Ормуската теснина