Утрински Весник
Свет

Секој петти граѓанин во Хрватска примил вакцина против коронавирус

Секој петти граѓанин во Хрватска примил вакцина против коронавирус

Според податоците од платформата „eCijepih“, заклучно со 30 април 2021 година, 20,9% од возрасната популација во Хрватска примиле барем една доза од вакцината против коронавирус.

Досега, во согласност со планот за вакцинација, секој петти хрватски граѓанин е вакциниран, објави Хрватскиот институт за јавно здравје, пренесува „Индекс.хр“.

Највисок опфат со вакцинација е постигнат во возрасната група од 70 години и постари, од кои 54% примиле барем една доза вакцина.

Во периодот од 27 декември 2020 година до 30 април 2021 година досега во Хрватска се потрошени 901.120 дози вакцини, а со оглед на големиот број дози на вакцини кои се најавени дека ќе пристигнат текот на мај и јуни, динамиката на вакцинација ќе овозможи вакцинирање на повеќе од 1.848.462 лица до крајот на јуни или повеќе од 55% од возрасните, пишува „Индекс.хр“.

Можете да прочитате

Украдени се над 400.000 KitKat чоколадца

Хутите извршија напади врз Израел, ексалира војната на Блискиот исток

Притисок врз НАТО? Трамп се заканува дека ќе ја повлече војската од Германија