Утрински Весник
Македонија

Во болниците во Македонија од коронавирус се лекуваат 1.085 пациенти

Во болниците во Македонија од коронавирус се лекуваат 1.085 пациенти

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.085 и има околу 757 празни болнички кревети, соопшти Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 22 нови пациенти, а вкупно се лекуваат 468 пациенти.

„Бројот на приеми во ковид – центрите во Скопје во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 290 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места“, соопшти МЗ.

Од таму велат дека сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.

Можете да прочитате

Лидерите на „ВРЕДИ“ на средба со Албин Курти

Претседателката Сиљановска Давкова во официјална посета на Ватикан и Рим по повод чествувањето на Св. Кирил и Методиј

Приведен дилер во Битола за издржување затворска казна