Утрински Весник
Магазин

Секогаш со него: Италијанец на раката истетовирал сертификат за примена вакцина

Секогаш со него: Италијанец на раката истетовирал сертификат за примена вакцина
Dik 300x250 mk

22-годишен студент во Италија стана неочекувана сензација на интернет откако на раката го истетовира баркодот од дигиталниот ковид-сертификат.

Наместо змеј или срце прободено со стрела, студентот на раката има тетоважа со QR-код, што докажува дека е вакциниран против Ковид-19.

Андреа Колоне, која живее во Реџо Калабрија, на југот на Италија, ќе треба само да го засука ракавот на влезот во ресторан или кино и да ја покаже тетоважа на левата рака.

„Оригинално е, сакам да се разликувам“, изјави тој за весникот „Кориере дела Калабрија“ откако неговите фотографии станаа вирални на Инстаграм и Тик-ток.

Неговите родители не биле толку воодушевени. „Тие ме советуваа да бидам помалку импулсивен и да размислам малку подобро пред да направам што било“, рече тој.

Видеото објавено на Tik-Tok покажува како се подготвува да влезе во „Мекдоналдс“ и ја крева раката. Стражарот на вратата потоа го скенира QR-кодот, но снимката застанува таму, па не се знае дали необичната тетоважа му овозможила да купи хамбургер.

Можете да прочитате

Властите во северна Јапонија ја повикаа војската за заштита од мечки

По десет години љубов, Саша Ковачевиќ и предложи брак на Зорана Тасовац

Ретроградниот Меркур веќе ги покоси овие 4 знаци: Штом ќе започне хаосот и конфликтот, треба да го направите следново