Утрински Весник
Македонија

Седум обвинети од ОЈО Велес за непочитување на полицскиот час

ОЈО Берово поднесе три казнени налози за прекршување на полицискиот час
Dik 300x250 mk

Скопје, 30 април 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Велес поднесе предлози за издавање казнен налог за седум лица, за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи во време на епидемија“, информираат од ОЈО Велес.

– Обвинетите не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија, донесена со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, соопштија од обвинителство.

Надлежниот јавен обвинител на Основниот суд Велес му предложи на обвинетите да им изрече парични казни во висина од по 40 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.​ оџ/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ЗНАМ со порака до ВРЕДИ: Чесно ве поддржавме, а вие не изигравте

Владата го достави предлог буџетот за 2026 година тежок 6,75 милијарди евра

Сиљановска-Давкова: Изборите беа сосема во ред, да се размисли за ограничување на градоначалничкиот мандат