Утрински Весник
Македонија

Седум нови случаи со коронавирус, еден починат и 24 излекувани

ФАО: Нема докази дека добитокот и домашните миленици можат да го пренесат Ковид-19 на луѓето

Скопје, 21 април 2020 (МИА) – Седум нови случаи со коронавирус се регистрирани во изминатите 24 часа во државава и тоа три во Тетово и по два во Куманово и во Кочани. Во Градската општа болница „8 Септември“ почина 70-годишен пациент од Лабуништа, кој во тешка состојба, бил хоспитализиран на 8 април и веднаш приклучен на респираторна машина, соопшти Министерството за здравство.

Институтот за јавно здравје, како што се посочува, регистрира 24 излекувани пациенти кои се лекуваа во домашни услови и тоа во Скопје – 4, Дебар – 4, Струмица – 1, Куманово – 1, Штип – 3, Прилеп – 3, Кочани – 5 и Тетово – 3.

Бидејќи во вчерашниот извештај на ИЈЗ е двојно евидентиран еден контролен тест на пациент од Кочани, денеска е направена исправка со што вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во нашата земја изнесува 1.231. Последната дистрибуција по градови е: Скопје – 411, Куманово – 340,   Дебар – 51, Штип- 34, Прилеп –117, Тетово – 60, Струга – 55, Велес – 59, Битола –17, Охрид –15,       Кавадарци – 4, Гостивар –13, Гевгелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка – 4, Радовиш – 4, Крушево – 3,     Кочани – 28, Пробиштип – 2, Кичево – 2, Неготино – 2, Демир Хисар – 1, Македонски Брод – 2 и Пехчево – 1, потенцираат од Министерството.

Во изминатото деноноќие направени се 207 теста и тоа преку ИЈЗ –201 и Клиниката „Жан Митрев“ – 6. Досега во земјата се направени вкупно 12.340 тестирања на Ковид -19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се хоспитализирани вкупно 60 пациенти. Од нив 18 се на кислородна поддршка, а четворица се на механичка вентилација.

Во ГОБ „8 Септември“ се хоспитализирани 45 пациенти. Со потешка клиничка слика се седум пациенти, а пет пациенти се на респираторна машина. Во Битола се хоспитализирани вкупно 13, а на домашно лекување се следат 15 пациенти. Во Клиничката болница во Штип, на болничко лекување се четири пациенти, а на домашно лекување се следат уште 19 пациенти, информираат од Министерството за здравство. рп/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме