Утрински Весник
Македонија

Седумдесет милиони евра од ЕУ помош за државата за справување со коронавирусот

ФАО: Нема докази дека добитокот и домашните миленици можат да го пренесат Ковид-19 на луѓето

Скопје, 24 март 2020 (МИА) – За неколку денови се очекува првичната помош од ЕУ за справување со коронавирусот. Станува збор за 70 милиони евра што ќе се активираат во различни фази за здравствениот систем, а потоа и за помош на економијата. Ова го соопштија премиерот Оливер Спасовски и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на денешната прес-конференција во Владата.

– Се што требаше да биде преземено од македонската Влада  е направено, во постојана комуникација сме. За неколку дена може да ја очекуваме и првичната помош. Активиран е делот од цивилната заштита. Значи сите активности што треба од страна на македонската Влада и ЕУ се преземаат се со цел заеднички успешно да се справиме со пандемијата, рече премиерот Сасовски одговорајќи на новинарско прашање за тоа дали е добиен одговор од Брисел на барањето на земјава да се испорачаат ветените 50 милиони евра за менаџирање со коронавирусот.

Вицепремиерот европски прашања Османи дополни  дека на утринската координација со земјите од ЕУ, му било соопштено дека 70 милиони евра се мобилизирани за помош на РСМ за справување со корона вирусот што ќе се активираат во различни фази за здравствениот систем, а потоа и за помош на економијата. Османи кажа дека тоа е потврда оти ЕУ не ни е партнер само на хартија.

Премиерот Спасовски прашан што се презема во однос на активностите за добивање хуманитарна помош, како другите од соседството, Спасовски одговори дека многу работи прави Владата и дека врши и сопствени набавки и обезбедува опрема.

– Имавме  заштитна опрема на залихи, очекуваме и помошта од повеќе земји да стигне во земјава за неколку дена. Имаме и свои капацитети што се целосно подготвени  за справување. Системот функционира, се што треба да прави Владата прави. Институциите работат со полна пареа, дајте и граѓаните да го направат вистинскиот чекор, а тоа е да останат дома, да помогнат на сите нас додека трае  оваа криза, порача Спасовски.скс/ев/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер