Утрински Весник
Економија

Седница на Управниот одбор на Коморскиот инвестициски форум

Седница на Управниот одбор на Коморскиот инвестициски форум

Скопје, 10 март 2020 (МИА) – Седница на Коморскиот инвестициски форум (КИФ), аосоцијацијата на стопанските комори од регионот на Западен Балкан, денеска ќе се одржи во Стопанската комора на Македонија.

На седницата е најавено учеството на Марко Чадеж, претседател на КИФ и претседател на Стопанската комора на Србија, Бранко Азески, заменик-претседател на КИФ и претседател на Стопанската комора на Македонија, Властимир Голубовиќ, претседател на Стопанската комора на Црна Гора, Берат Рукичи, претседател на Стопанската комора на Косово, Нихад Бајрамовиќ, генерален секретар на Комората за надворешна трговија на Босна и Херцеговина и Сафет Ѓергалиу, генерален секретар на КИФ.

КИФ е асоцијација на шесте стопански комори од регионот на Западен Балкан – Стопанската комора на Македонија, Унијата на стопански комори на Албанија, Комората за надворешна трговија на Босна и Херцеговина, Стопанската комора на Црна Гора, Стопанската комора на Србија и Стопанската комора на Косово.

Активно придонесува за подобрување на бизнис климата во регионот и зголемување на стоковната размена со земјите од Западен Балкан, но и пошироко, преку зголемена регионална економска соработка, промовирање на понатамошна трговска интеграција, воведување динамичен регионален инвестициски простор, олеснување на регионалната мобилност и креирање  агенда за дигитална интеграција. вј/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петрушевска до опозицијата: Седум години покажувавте огромна негрижа, а сега зборувате за социјална правда

„Сакам да работам“ до ДУИ и ВЛЕН: Дали вашата политичка војна треба да остави 10 илјади луѓе без работа

Демант од Групација на небанкарските финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија