Утрински Весник
Спорт

Севилја испратиле спектакуларна понуда до Серхио Рамос

Севилја испратиле спектакуларна понуда до Серхио Рамос

Иднината на Серхио Рамос мора да биде решена во наредните две недели. На 30.јуни истекува неговиот договор со Реал. Досегашните обиди, Рамос да го продолжи договорот беа неуспешни.

Серхио Рамос (35), инсистира на две годишен договор и не се согласува платата да му биде намалена. Претседателот на Реал, Флорентино Перез, бара капитенот да прифати значително намалување на платата.

Преговорите тапкаат во место, поради што е извесно дека Рамос ќе го напушти „Сантијаго Бернабеу“.

Интерс за Рамос покажале ПСЖ, неколку клубови од Англија и САД, а денес Шпанците објавија дека тој добил спектакуларна понуда од Севилја, клуб во кој ја започна кариерата.

„АС“ радио, тврди дека, од Севилја на Рамос му понудиле петгодишен договор, плата од седум милиони евра по сезона и функција во клубот откако ќе ја заврши кариерата.

Рамос во 2005 година од Севилја, за сума од 30 милиони евра, се пресели во Реал.

> Севилја испратиле спектакуларна понуда до Серхио Рамос <

Можете да прочитате

Бразил со гол во 95тата минута ја елиминираше Јапонија

Мундијалската турнеја на Инфантино: Над 50.000 километри со приватен авион за 24 натпревари

Вечерва три средби од нокаут фазата на Мундијалот