Утрински Весник
Македонија

Северна Македонија ќе има пристап до Фондот за солидарност на ЕУ вреден 800 милиони евра

Северна Македонија ќе има пристап до Фондот за солидарност на ЕУ вреден 800 милиони евра

Скопје, 12 мај 2020 (МИА) – Владата на денешната седница ја усвои можноста за користење на Фондот за солидарност на Европската унија (ФСЕУ), за справување со финансиското влијание од КОВИД-19.

-Во април годинава, како дел од иницијативата за инвестициски одговор на коронавирусот, ЕУ го прошири опфатот на ФСЕУ и тој сега вклучува и финансирање на активности поврзани со сериозни вонредни ситуации од здравствена природа поврзани со КОВИД-19, и обезбеди финансиска поддршка од околу 800 милиони евра за најпогодените држави, со што би се олеснил товарот предизвикан од итните мерки, соопшти Владата.

Пристап до овој фонд, како што се наведува во соопштението, имаат земјите членки на ЕУ, како и земјите кандидати за членство во Унијата.

Од Владата информираат дека на денешната седница е усвоена и информацијата за почнување на програмирањето на Инструментот за претпристапна помош ИПА III за периодот 2021-2027,

Владата ги задолжи министерствата да ги спроведат подготовките на стратешкиот одговор, организацијата на состаноците на секторските работни групи, како и подготовката на Акциските фишеа за 2021 и 2022 и Акциската програма во рамките на ИПА III.бт/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Левица: ДПМНЕ не сакаше ниту да дискутира по предлогот за помали станбени кредити за младите семејства

НБРМ: Компаниите што редовно исплаќале плати преку „АЛТА банка” АД Битола ќе можат да вршат исплата на плати и придонеси

Филипче за надзорната расправа за Алта банка: Сите кои биле вклучени ќе мора да одговорат пред граѓаните