Утрински Весник
Македонија

Северна Македонија и регионот добиваат ракавици и гел за дезинфекција од Австрија

Триста штипски социјално ранливи семејства ќе добијат прехранбени пакети

Брисел, 21 април 2020 (МИА) – Европскиот механизам за цивилна заштита доби повеќе барања за помош од земји членки на ЕУ, како и од земји од регионот, вклучително и Северна Македонија, за справување со здравствената криза, јавува дописничката на МИА од Брисел.

Конкретно, Австрија испраќа заштитни ракавици и гел за дезинфекција во Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Молдавија, додека Србија ќе добие ќебиња, душеци и шатори за бегалците кои се наоѓаат на нејзина територија.

– Вирусот не познава граници и соработката е единствениот начин да го спречиме. Благодарен сум им на Словачка и Австрија за нивните гестови на европска солидарност, изјави еврокомесарот за хуманитарна помош, Јанез Ленарчич.

Европската комисија потсетува дека оваа асистенција за земјите од регионот е дел од општата помош на ЕУ за западниот Балкан, тука е вклучена и финансиска помош.

Земјите членки на ЕУ продолжуваат исто така да ја координираат взаемната помош преку Европската комисија. Словачка испраќа маски и гел за дезинфекција во Италија, а Австрија истите предмети во Хрватска.

Италија, како најпогодена земја од коронавирусот, до сега добила бројни понуди за помош преку Механизмот за цивилна поддршка, вклучително и цели тимови на лекари и медицински сестри. тм/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”