Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Северна Кореја: Немаме случаи на зараза со коронавирус

Северна Кореја: Немаме случаи на зараза со коронавирус
Img 7972

Северна Кореја ја извести Светската здравствена организација дека не забележала  ниту еден случај на коронавирус на нејзина територија, пренесува АП.

Претставникот на СЗО во Пјонгјанг, Едвин Салвадор, изјави дека Северна Кореја тестирала 23.121 лице за присуство на коронавирус и дека сите резултати биле негативни. Според Ел Салвадор, од 26 март до 1 април биле тестирани 732 лица.

Северна Кореја објави дека нема да учествува на Олимписките игри во Токио, со цел да ги заштити своите спортисти од светската здравствена криза предизвикана од болеста Ковид-19.

Можете да прочитате

Бабиш прогласи победа на неговото движење АНО на изборите во Чешка, премиерот Фиала му честиташе

Трамп предупреди дека нема да толерира одложување на одговорот на Хамас

Демонстранти упаднаа во дворот на претседателската палата во Тбилиси на денот на локалните избори