Утрински Весник
Свет

Северна Кореја истрела осум балистички ракети

Северна Кореја истрела осум балистички ракети со краток дострел во морето во близина на нејзиниот источен брег во неделата, еден ден откако Јужна Кореја и САД ги завршија заедничките воени вежби.

Јапонскиот министер за одбрана Нобуо Киши исто така рече дека Северна Кореја истрелала неколку проектили и дека овој чин „не може да се толерира“.

Тој на брифингот рече дека најмалку еден проектил има променлива траекторија, што укажува дека може да маневрира за да избегне ракетна одбрана.

Американската индо-пацифичка команда во соопштение рече дека со постојаното лансирање балистички ракети, Северна Кореја го нагласила дестабилизирачкиот ефект на нејзината нелегална програма за оружје, но дека настанот не претставува непосредна закана.

Минатата недела Соединетите Држави повикаа на дополнителни санкции на ОН против Северна Кореја поради нејзиното лансирање балистички ракети, но Кина и Русија ставија вето на предлогот, пренсе Аваз.ба.

Можете да прочитате

Поранешен фудбалер на Валенсија го загуби животот во поплавите во Шпанија

Се урна дел од Железничката станица во Нови Сад – има повредени

Трагедија во Грција: Почина тригодишното дете што беше застрелано