Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Северна Кореја истрела две балистички ракети

Северна Кореја истрела две балистички ракети
Img 7972

Северна Кореја истрелала две балистички ракети во морето, тврди Генералштабот на Јужна Кореја.

Јапонската крајбрежна стража, исто така, соопшти дека е испукан објект што може да биде балистичка ракета од Северна Кореја.

Според соопштението на Генералштабот на Јужна Кореја, двете балистички ракети се истрелани денеска од локација во централниот дел на Северна Кореја кон водите на источниот брег на Корејскиот Полуостров.

Јужна Кореја го анализира лансирањето заедно со американските власти.

Лансирањето се случува откако Северна Кореја соопшти дека успешно тестирала нова крстосувачка ракета со голем дострел минатиот викенд, нарекувајќи ја „стратешко оружје од големо значење“.

Тоа е термин што се користи за нови проектили кои имаат потенцијал да носат нуклеарни боеви глави, велат експертите.

Соединетите држави и Јужна Кореја одржаа заеднички воени вежби во август, што предизвика жестоки критики од Пјонгјанг.

 

Можете да прочитате

Трамп: Не сум сигурен дека ќе влезам во рајот, но на многумина им го разубавив животот

Израел ослободи 1.968 затвореници како дел од договорот за прекин на огнот во Газа

Франција го евакуираше претседателот на Мадагаскар, не е позната неговата нова локација