Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Северна Кореја доби пакет помош од Црвен крст

Северна Кореја доби пакет помош од Црвен крст
Img 7972

Црвен крст испрати пакет помош во форма на заштитна опрема во Северна Кореја за да им помогне на тамошните граѓани да се заштитат од коронавирусот, откако државата изјави дека се сомневаат дека едно лице е заразено.

Опремата е веќе ставена во карантин и сега се распоредува во центрите на таа организација низ целата земја, со цел да се дистрибуира до луѓето.

„Пакетот вклучува инфрацрвени термометри, очила и престилки, визири, хируршки маски и нараквици, како и рендген апарати и 10.000 тестови“, се наведува во објавата на Црвен крст.

Како што се наведува, организацијата, во соработка со лекари и владини претставници, ќе ги посети домаќинствата, но и руралните области, со цел да помогнат во заштитата на најзагрозените од коронавирусот.

Досега немало барања за други видови на помош, посочуваат во соопштението.

Водачот на Северна Кореја Ким Џонг-ун прогласи вонредна состојба и целосно затвори еден град поради сомневање дека едно лице е заразено со коронавирус.

Се сомнева дека заразеното лице ја минало добро обезбедената граница со Јужна Кореја. Властите во Јужна Кореја тврдат дека човекот не бил заразен со вирусот, ниту пак има информации дека тој бил во контакт со некој кој се разболел. Од друга страна, тие тврдат дека го бараат за сторени кривични дела.

Според медиумите, човекот ги покажува сите симптоми на „Ковид-19“, но сè уште не е потврдено дали е тестиран. Сите луѓе со кои бил во контакт се во карантин и чекаат за тестирање.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Уапсен руски милијардер поради серија убиства

Тунижанец осуден на смрт поради статус на Фејсбук

Трамп му даде ултиматум до Хамас до недела во 18 часот