Утрински Весник
Економија

СДСМ: Цените повисоки за 9% а минималната плата повисока за 100%

СДСМ: Цените повисоки за 9% а минималната плата повисока за 100%
Dik 300x250 mk

Денеска во македонското Собрание на дневен ред се измените на Законот за минимална плата предложен од Владата предводена од СДСМ.

Минималната плата се зголемува од 15.200 на 18.000 денари, што значи над 80.000 работници ќе добиваат по 45 евра повеќе секој месец, соопшти владејачката партија.

„ Тоа е двојно поголема минимална плата во споредба со времето на ВМРО-ДПМНЕ кога изнесуваше 8.800 денари. Официјалните податоци покажуваат дека во 2014, вредноста на синдикалната кошница изнесувала 32.133 денари. Во декември 2021 синдикалната кошница изнесувала 35.042 денари.

Тоа значи дека за 9 отсто е зголемена вредноста на синдикалната кошница за седум години, поради повисоки цени, а минималната плата за истиот период е зголемена за 100%.

СДСМ е на страната на работниците и го подобрува животниот стандард на граѓаните, на работниците“ порачаа од партијата.

Можете да прочитате

„БИЗНИС ЛИДЕР“ ГИ НАГРАДИ ТИТАНИТЕ НА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА: ВТОРО ИЗДАНИЕ НА НАЈПРЕСТИЖНИОТ БИЗНИС НАСТАН

Просечната нето плата во август 45 310 денари

УЈП направи техничка надградба на нејзините електронски системи