Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Тешките лаги докажуваат дека фрустрациите во белиот дворец кулминираат, ВМРО-ДПМНЕ е единствената опозициска партија која се плаши од Собранието

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да престане да крева партиска хистерија, сите предлози да ги доставува преку Наќе Чулев, нивен претставник и министер во Владата

 

Скопје, 24 април 2020

Самата помисла од свикување на Собранието кај ВМРО-ДПМНЕ раѓа нервоза, паника и страв, што се гледа и преку ниските соопштенија полни со тешки лаги и невистини.

Таквите тешки лаги докажуваат дека фрустрациите кај Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кулминираат, ВМРО-ДПМНЕ е единствената опозициска партија која се плаши од Собранието

Тоа е така затоа што ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски знаат дека не контролираат повеќе од 20 отсто од пратеничката група во Собранието. Затоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се исплашени од Собранието, затоа се против законодавниот дом кој во секоја демократија е контролор на Владата.

Тешки се фрустрациите во белиот дворец, штом опозициската партија има порив секојдневно да шири тешки лаги, штом со сите сили се посветени на деструктивно дејствување против демократијата, против здравствениот систем и против здравјето на граѓаните.

Кризата со коронавирусот ќе заврши, но неодговорното, антидржавно, ниско и мизерно однесување на ВМРО-ДПМНЕ во време на глобална економско-здравствена криза ќе се памети уште многу долго.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ 

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт