Утрински Весник
Македонија

Општина Кисела Вода го средува парковското зеленило

Општина Кисела Вода го средува парковското зеленило

Скопје, 24 април 2020 (МИА) – Во рамки на акцијата за косење на нараснатите тревни површини на територијата на Општина Кисела Вода денеска се коси тревата, покрај железничките пруги на трим патеката, во должина од околу два километри, од почетокот на влезот на Кисела Вода па се до булеварот „Србија“ во општината Аеродром.

Во моментов, соопштија од Општина Кисела Вода, тревата се коси и во населните места Драчево, Пинтија, Стаклара и Усје. Вчера парковското зеленило беше целосно средено во Расадник.

Како што е најавено, утре тревните површини ќе се косат во УЗ „Кисела Вода“, в понеделник во УЗ „Цветан Димов“, а во вторник во урбаните заедници „11 Октомври“ – згради и бараки. Активностите ќе финишираат во среда во Црниче, Пржино и Припор. Покрај средувањето на зеленилото, во парковите се расчистуваат отпадоците одложени од страна на несовесните граѓани.

За успешно спроведување на активностите за косење на тревата, Општината вклучи 40 сезонски работници. цр/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Вештак на судењето на Ѓоко Ристов: Белешките на заѕиданите 350.000 евра ги пишувала неговата мајка

За 161 судија побарано утврдување одговорност, судовите со над 134.000 нерешени предмети

Полицијата вчера привела седум возачи кои возеле без да имаат положено