Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Странска инвестиција од околу 400 милиони евра во фабрики за преработка на отпад

СДСМ: Странска инвестиција од околу 400 милиони евра во фабрики за преработка на отпад
300x250 (7)

Предвидена е голема и потполно еколошка странска инвестиција за фабрика за создавање енергија од цврст отпад како дел од Интервентниот план на инвестиции во вредност од над осум милијарди евра во периодот 2021-2027 година, соопшти владејачката партија.

„ Компанија од Луксембург ќе инвестира 336 милиони евра за фабрика со плазма за согорување, односно бескислородно согорување на високи температури. Вкупната инвестиција, покрај фабриката, содржи и 100 комунални возила за собирање на смет, изградба на 11 претоварни станици и 11 збирни потстаници, 6.000 метални и пластични комунални контејнери, како и асфалтирање на патна делница од пет км до село Дуброво во Општина Неготино. Оваа инвестиција содржи и еколошки аспект, односно претставува трајно решавање на отпадот на 74% од територијата на државата“ се вели во соопштението.

300x250 (7)

Оттаму додаваат дека следува и отворање на фабрика за селектирање и преработка на отпад во Источниот и Североисточниот регион, во вредност од 37 милиони евра.

„ Веќе е формирано заедничко комунално претпријатие за управување со депонијата, односно нова фабрика во Свети Николе, за целите на оваа инвестиција“ велат од партијата.

Од СДСМ соопштија дека овие две инвестиции во вкупна вредност од околу 400 милиони евра освен што значат нови работни места и унапредување на регионалниот развој, значат решавање на деценискиот проблем со депониите во нашата држава и грижа за почиста и поздрава животна средина.

„ Интервентниот план за инвестиции 2021-2027 е вистински, одлучен чекор преку кој го трасираме патот на раст и развој на македонската економија. Како одговорна партија креираме и реализираме мерки и политики за поддршка за економска стабилност, за раст и развој на нашето стопанство, за поквалитетен живот на сите граѓани“ се додава во партиското соопштение.

Ss1

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт