Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Со 5,5 милиони евра поддржани 738 компании со над 6.500 вработени, целосно реализирана првата линија бескаматни кредити

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да престане да крева партиска хистерија, сите предлози да ги доставува преку Наќе Чулев, нивен претставник и министер во Владата

Скопје, 13 мај 2020
СДСМ од почетокот на пандемијата со коронавирусот одговорно и посветено креира и реализира мерки за помош на граѓаните и компаниите соочени со екомските последици од кризата.

Правата бескаматна линија кредити за поддршка на ликвидноста на микро, малите и средни претпријатија е целосно реализирана.

Со оваа кредитна линија се поддржани 738 компании од најзагрозените сектори – угостителство, туризам и сообраќај, со 6.524 вработени.

Просечен износ на даден кредит од оваа линија е 7.500 евра, а вкупниот износ на доделени кредити изнесува 5,54 милиони евра.

На фирмите од сите сектори им стои на располагање и втората линија бескаматни кредити од 8 милиони евра, за која веќе се пријавиле над 2.400 компании.

Секоја трета фирма, како и речиси половина од самостојните претприемачи аплицираа за финансиска помош од 14.500 денари за исплата на плата по вработен.

Додека овие мерки се реализираат, СДСМ работи на нов пакет мерки за директна поддршка на граѓаните и домаќинствата преку јакнење на јавната и приватната потрошувачка.

СДСМ посветено ќе продолжи со поддршката за фирмите и за зачувување на работните места, за економијата брзо да се интензивира кога ќе заврши кризата.

СДСМ
__________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт