Утрински Весник
Економија

СДСМ: Со стратешки проекти инвестираме во енергетската независност

Владата предводена од СДСМ е посветена на енергетската транзиција за зголемено производство на електрична енергија во обновливи извори. Во време на најголема енергетска криза активирани се сите домашни капацитети за производство на електрична енергија со цел да се намали зависноста од скап увоз на струја, посочуваат од владејачкиот СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Во РЕК Осломеј е пуштена во употреба нова фотонапонска електрана од 10 мегавати, инвестиција на АД ЕСМ. На оваа локација ќе се изградат уште две електрани, а АД ЕСМ ќе гради уште една електрана со што вкупната моќност на фотонапонските електрани во некогашниот загадувач ќе изнесува 120 мегавати. Владата предводена од СДСМ ќе инвестира во гасната централа Александруполи во Република Грција со цел стабилно и непречено снабдување со природен гас“, појаснуваат од партијата на власт.

Додаваат дека се потпишани и договори за реализација на стратешки инвестиции во енергетиката, како што е најголемата гринфилд инвестиција на германската компанија ВПД, како и соларниот парк Стипион во Штип.

Сите овие чекори, велат од СДСМ, на дело ја потврдуваат заложбата на СДСМ за зголемување на енергетската независност.

Можете да прочитате

Каматната стапка е непроменета –  зголемени ризици за монетарно затегнување

Силна координација и јасни приоритети од Секторската работна група за енергетика

CompanyWall Business анализира 75.329 компании во Северна Македонија: Сè појасна поделба на стабилни и оптоварени компании